18.04.2011 година

Стопанска банка додели две вредни награди на традиционалниот Нова Базар


Почитувани клиенти,


Во саботата на 16.04.2011 година, Стопанска банка АД – Скопје зeде активно учество на Фамилијарниот Базар во Интернационалното училиште „Нова“. Оваа традиција на Нова е целосно организирана со хуманитарни цели. Оваа година, сите собрани финансиски средства, ќе се донираат на Детската клиника во Скопје. Преку продажба на детски книги, забава, продажба на уникатни занаетчиски предмети, концерти, дегустација на интернационална кујна и преку лотарија се добиваа многу вредни награди, наменети за секого.


Покрај промоциите на своите производи, Стопанска банка беше и спонзор на две од највредните награди. Имено, Стопанска банка додели два ваучери во износ од по 10.000 денари на двајца среќни добитници – ученици во средното училиште “Нова“.


Во присуство на многу гости, ученици, соработници на НОВА, претставници од повеќето странски амбасади во земјава, претставници од бизнис елитата, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш докажа дека ги подржува ваквите манифестации кои се од хуманитарен карактер и уникатни од ваков вид во Р. Македонија.



Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна