01.10.2011

 

9 месечен орочен депозит со атрактивни и гарантирани каматни стапки!



Штедењето за население претставува постојано активна и променлива категорија на финансискиот пазар. Клиентите и нивните потреби се менуваат со динамичното време во кое живееме и затоа Стопанска банка секоја година развива и воведува нови и современи производи кои излегуваат во пресрет на барањата на клиентите.

Токму новиот орочен депозит со гарантирана каматна стапка е креиран на барање на клиентите кои сакаат зголемена сигурност за порастот на нивната заштеда, но на пократок рок. Со промотивната понуда, Банката го најавува новиот 9 месечен орочен депозит со годишни каматни стапки од 3.6% за депозити во евра и 6.6% за депозити во денари.

Понудата трае од 1.10 – 1.12.2011 година а каматните стапки се гарантирани до крајот на периодот на орочување.

Каматните стапки се гарантирани за целиот период на орочување на депозитот, што ги ублажува ефектите од движењата на пазарот и клиентот останува сигурен дека висината на приносот од каматната стапка останува непроменета.

Најголем дел од клиентите што орочуваат средства истото го прават на 12 или на 6 месеци. Затоа, новиот период од 9 месеци нуди поголема можност за избор кај клиентите кои сега почнуваат да штедат или за искусните штедачи.

Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најголема традиција и искуство за депозитни производи и е финансиски партнер на секое семејство во Македонија. Посветеноста кон врвна услуга се докажува и со присуството на Советник за депозити во секоја филијала на Банката од кој клиентите можат да добијат стручен финансиски совет за формирање и пораст на нивната заштеда.

Стопанска банка-АД Скопје – Најдоброто место за вашите пари!