06.12.2012.

 

Соопштение за неработен ден - 08.12.2012 (сабота)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“ филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во сабота, на 08.12.2012г.
На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!