29.03.11

Ненаменски хипотекарен кредит од Стопанска банка со намалени трошоци

 

Потребата од финансиски средства произлегува од целите и плановите кои ги правиме во животот. Независно дали е тоа реновирање, инвестирање во квалитетно образование за своите деца, свадба, доградба или друг тип на инвестиција потребата од финансиски средства постои и може да се задоволи на повеќе начини.

 

Во овој период особено поволна алтернатива за обезбедување на средствата е ненаменскиот хипотекарен кредит од Стопанска банка АД – Скопје со износи до 40.000евра и рок на отплата до 15години, без жиранти, меница или административна забрана. Кредитот е обезбеден со хипотека на недвижен имот или со залог на депозит па оттука е наменет за клиенти кои сакаат нивниот имот да работи на остварување на другите планови и желби.

 

Каматната стапка од 7% годишно, гарантирана за првите 3 години како и промотивната понуда 0денари за административни и трошоци за проценка која важи за сите примени или одобрени барања од 25.03 до 25.05.2011 го прави кредитот најдобра алтернатива на пазарот.


Со брзата и едноставна процедура за одобрување клиентите можат за кратко време да навлезат во реализација на плановите.

 

Пример (март 2011): Можен износ до 40.000 евра и рок на отплата до 15 години. За кредит од 12.000 евра со 14 години рок на отплата за клиенти кои платата ја добиваат преку СБ каматната стапка е 7% годишно, гарантирана за првите 3 години и променлива стапка од 7.62% годишно за останатиот период. СВТ изнесува 7.60%. Месечната рата изнесува 112.25евра. Административни трошоци редовно изнесуваат 2% од износот на одобрениот кредит, нотарските трошоци, осигурувањето на имотот и трошоците за проценка зависат од износот на кредитот како и од карактеристиките на имотот кој се користи како обезбедување. Апликативните трошоци изнесуваат 150 денари.