28.05.2013

 

Нови намалени каматни стапки за потрошувачки и станбен кредит


Стопанска банка АД - Скопје почнувајќи од 28.05.2013 ги намали каматните стапки за станбените и потрошувачки кредити со што ги подобрува условите на кредитирањето.
 
За сите барања за потрошувачки и станбени кредити примени и одобрени од 28.05. Банката ги намали каматните стапки, и тоа:

•    5.50% каматна стапка за станбен кредит, гарантирана за првите три години., за клиенти кои платата ја примаат во Стопанска банка. Променливата каматна стапка за истата категорија на клиенти e намалена на 6.89% годишно
•    6.50% каматна стапка за потрошувачки кредит без обезбедување за износ до 10.000 евра за сите клиенти на Банката, гарантирана за првата година, а променливата каматна стапка за клиентите со плата во СБ изнесува 8.00%
•    6.50% каматна стапка за потрошувачки кредит до 60.000евра со обезбедување за клиенти со плата во СБ. Променливата каматна стапка за останатиот период за оваа категорија на клиенти изнесува 7.11%
 
Дополнително, Банката ја продолжи и понудата за 0% административен трошок за потрошувачките кредити до 31.07.2013 и сите барања примени до 31.07.2013 ќе ја искористат и оваа голема поволност со што ќе бидат чекор поблиску до остварување на своите желби и потреби.
 
За повеќе информации поврзани со новите услови за станбени и потрошувачки кредити, информирајте се во една од нашите филијали каде на располагање имате Советници за станбени кредити, како и за потрошувачки кредити кои можат да ви изработат пример амортизационен план и пресметка за посакуваниот кредит како и да ве советуваат во текот на целиот процес на поднесување барање за соодветниот кредит. Дополнителни информации достапни се на нашата веб страница или преку 24 часа контакт центарот (02) 3100 109.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна