02.07.2013г.
                       

 
Намалени каматни стапки на кредитни и депозитни производи


Согласно објавата на Народна Банка на Република Македонија од 28.06.2013 за намалување на референтната каматна стапка за периодот од 01.07.2013 до 31.12.2013 на 3,50%, Стопанска банка АД – Скопје направи соодветно намалување на каматните стапки за кредитни и депозитни производи за физички лица, како и за депозитите за правни лица, со важност од 01.07.2013година.
 
 
За сите информации за новите каматни стапки, клиентите може да се информираат во било која од филијалите на Банката, на веб страната на СБ www.stb.com.mk и преку 24 часа Контакт Центарот (02) 3100 109.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна