01.06.2012

 

Нови намалени каматни стапки за станбен кредит

 

Стопанска банка АД - Скопје почнувајќи од 01.06.2012 ги намали каматните стапки за стенбените кредити со што ги подобри условите за новите, но и за постојните корисници на станбените кредити.

 

За сите барања за кредит примени по 01.06 Банката нуди годишна каматна стапка од само 5.85% гарантирана за првите 3 години и тоа за клиентите кои платата ја примаат во Стопанска банка. Променливата каматна стапка за истата категорија на клиенти  изнесува 7.25% годишно за останатиот период.

 

Дополнително, Банката ја продолжи и понудата за 50% попуст на административните и нотарските трошоци за дополнителни 30 дена. Така, сите барања примени до 30.06.2012 ќе ја искористат и оваа голема поволност со што ќе бидат чекор поблиску до остварување на сонот за нов дом. Оваа комбинација на поволности ја зацврсти понудата за станбени кредити од Стопанска банка на лидерската позиција на македонскиот пазар.

 

За повеќе информации поврзани со новите услови за станбен кредит, информирајте се во една од нашите филијали каде на располагање имате Советници за станбени кредити кои можат да ви изработат пример амортизационен план и пресметка за посакуваниот кредит како и да ве советуваат во текот на целиот процес на поднесување барање за станбен кредит. Дополнителни информации достапни се на нашата веб страница или преку 24 часа контакт центарот (02) 3100 109.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна