16.12.2011

 

Повелете на големата прослава на Св. Никола во Прилеп

 

Почитувајќи ја традицијата на градот Прилеп за обележување на Св. Никола како патрон празник, честа да биде домаќин на овогодинешната прослава ја има Стопанска банка АД – Скопје која веќе со генерации е нераздвоен дел од економијата и дејствувањето на градот под Марковите кули.
Градоначалникот на град Прилеп и менаџментот на Стопанска банка АД – Скопје ги покануваат граѓаните на Прилеп и сите приврзаници на празникот Св. Никола од Македонија да ја збогатат традиционалната прослава на плоштадот Марко Цепенков на 19.12.2011 со почеток во 11 часот на која ќе биде послужена и празничната трпеза. Прославата ќе биде збогатена и со забавна програма за која ќе се погрижат Елена Петреска, Миле Кузмановски и КУД Мирче Ацев.
Покрај тоа, Банката ќе обезбеди и многу изненадувања за најмладите и за клиентите што тој ден ќе ги посетат филијалите на Банката и ќе го поздрават отворањето на нов и поголем простор за работењето на Банката. За време на празникот, Стопанска банка на граѓаните на Прилеп ќе им се претстави со филијала во нов и поголем простор од каде клиентите ќе имаат можност да добијат подобра и поквалитетна услуга.
Градот Прилеп и Стопанска банка АД – Скопје ви го честитаат празникот Св. Никола и ви посакуваат многу здравје, среќа и бериќет во новата 2012 година.


Стопанска банка АД – Скопје                     Градоначалник на Град Прилеп
На ваша страна                                         Марјан Ристески