ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

Технички опис на наградната игра:
1.    Организатор: Стопанска банка АД – Скопје, со седиште на ул. 11 октомври, бр.7, 1000 Скопје
2.    Период на траење: 20.08.2013 до 20.09.2013г
3.    Назив на наградната игра: “Заедно до милијарда евра„
4.    Наградната игра се приредува за рекламирање на депозитни производи за физички лица, на Стопанска банка АД – Скопје.
5.    Територија: Во Република Македонија
6.    Учесници: Полнолетни физички лица, сопственици на депозитни производи во Стопанска банка АД – Скопје.
7.    Правила и критериуми за учество: Потенцијални добитници на наградата од наградната игра „Заедно до милијарда евра“ се клиентите кои ги исполнуваат долунаведените критериуми:

Услови за учество во наградната игра:

1.    Полнолетни физички лица, сопственици на депозити (сметки по видување и орочени депозити) во СБ.
2.    Реализиран нето прилив на вкупните средства на клиентот (по основ на сите депозитни производи) во минимален износ од 3.000,00 денари, а за останатите валути во соодветната противвредност на 3.000,00 денари по среден курс на НБРМ на долунаведените пресечни датуми за квалификувани клиенти.
3.    Во пресметката на вкупни средства на клиентот се зема во предвид само позитивната состојба на сметка.
4.    Во пресметката на реализиран нето прилив на вкупните средства на клиентот се зема вкупната состојба на сите депозити на клиентите на пресечен датум 20.09.2013 во однос на 20.08.2013.
5.    Секој клиент може да учествува само еднаш во наградната игра откако ќе ги исполни погоре наведените услови за учество во наградната игра од овие Правила, без разлика со колку депозитни производи ќе ги исполни наведените критериуми во периодот на наградната игра 20.08.2013 до 20.09.2013.
6.    Вработените во Стопанска банка АД – Скопје, како и нивната потесна фамилија немаат право на учество во наградната игра и доколку бидат извлечени ќе бидат заменети со резервен добитник.
 

8.    Награди изразени во денари:

  • 1 награда од 300.000,00 денари   
  • 5 награди од по 60.000,00 денари   


Дополнителни информации:

Потенцијалните добитници ќе бидат селектирани со помош на програмско/компјутерско решение согласно претходно поставените условите за учество. Извлекувањето ќе биде по случаен избор и повторно со помош на компјутерско решение.

Преку интерното системско решение на Банката, ќе бидат издвоени/селектирани само квалификуваните клиенти на Банката во посебен електронски фајл, од кој фајл по случаен избор ќе биде избран добитникот.


Извлекување на добитниците

Извлекувањата ќе се однесуваат на клиентите согласно условите наведени во точка 7 од овие Правила во следниот период:

1.    20.08.2013 до 20.09.2013 (извлекувањето ќе се изврши на 25.09.2013)

Извлекувањето ќе се изврши во 12 часот на 25.09.2013 во просториите на Банката (Стопанска банка АД - Скопје, 11 октомври 7, 1000 Скопје) во присуство на Нотар и претставници од Банката. Ќе биде извлечен еден (1) добитник на главната награда и еден (1) резервен добитник за истата. За споредните награди, ќе бидат извлечени пет (5) добитници.
Доколку извлечениот добитник на главната награда по проверката не ги исполнува правилата од наградната игра, наградата ќе биде доделена на резервниот добитник. Доколку и резервниот добитник не ги исполнува правилата од наградната игра, наградата нема да биде доделена.
Доколку некој од добитниците на споредните награди не ги исполнува правилата од наградната игра, наградата нема да биде доделена.

Добитниците ќе бидат објавени во оглас во дневниот весник „Дневник“ најдоцна 3 работни дена по спроведувањето на извлекувањето и на веб страницата на Банката.

Врачувањето на наградите ќе биде извршено најдоцна во рок од 60 дена по објавување на добитникот во дневниот весник Дневник, во централата на Банката на 11 Октомври бр. 7.
Сите добитници, во просториите на Банката ќе потпишат потврда дека во своето најблиско семејство немаат вработен во Банката.
Клиентите имаат можност да поднесат приговор во рок од 7 работни дена од крајот на наградниот период наведен во точка 2, до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, а Банката има обврска во рок од 5 работни дена по приемот на приговорот да одговори по истиот.

Учесниците во наградната игра ќе бидат запознаени со нејзините правила преку:

•    Веб страницата на Банката
•    Филијалите и експозитурите на Банката
•    Во медиумите преку активности за односи со јавноста
•    Радио, веб оглас и др. медиуми
•    Правилата за наградната игра ќе бидат објавени на веб страницата на Банката пред почетокот на наградната игра.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна