20.02.2012

 

Награда од Стопанска комора на Македонија за најголем донатор во 2011 година

 

Стопанска комора на Македонија прослави 90 години од нејзиното постоење на гала свеченост во присуство на 1200 видни гости. На свечениот чин, покрај членките на најстарата, најбројната и најголемата бизнис-заедница во земјава, присуствуваа претставници на државните органи, институции, дипломатскиот кор, претставници на меѓународни институции, здруженија и партнери, гости, пријатели и поддржувачи на  Стопанската комора на Македонија и на коморското работење од земјата и од странство. 

По повод големиот јубилеј и овојпат беше доделена Наградата на Стопанската комора на Македонија и во категоријата за најголема донаторска активност. Оваа година добитник на наградата е Стопанска банка АД - Скопје. Наградата ја прими Претседателот на Управниот одбор на Банката г. Глигор Бишев. Наградата е уште едно признание дека Банката е општествено одговорна компанија која се залага да биде повеќе инволвирана во проектите и активностите на заедницата и општеството во кое функционира.

Како долгогодишен и активен член во Стопанската комора, Стопанска банка АД - Скопје го честита значајниот јубилеј и се обврзува на континуирана и плодна соработка која ќе биде во интерес на целата бизнис заедница.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна