10.05.2012

 

Награда од Deutsche Bank

 

Традицијата и искуството на Стопанска банка во реализација на меѓународни плаќања повторно се наградени со признанието од Deutsche Bank AG Straight – Through Processing (STP) Excellence Award. Наградата се доделува исклучиво на банки кои покажуваат максимална прецизност и точност во процесирањето на платните трансакции во странство за клиентите на Банката и истата е доказ дека Банката применува современи, европски стандарди во соработката со клиентите и останува лидер во банкарското работење во Македонија.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна