четврток, 26 мај 2011


Награда за најдобар истражувачки труд од Македонска берза 

На 12-та годишна конференција на Македонската берза беше доделена наградата за најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.
Изборната комисија во состав проф. Д-р. Михаил Петковски, претседател на Комисијата, проф. Д-р. Јане Миљовски, доц. Д-р. Сашо Арсов, Иван Штериев и Илчо Лазарески воспостави интерни критериуми за оценка на квалитетот на поднесните трудови, критериуми кои претставуваат и стандард во меѓународната академска практика:

• Релевантноста, односно актуелноста на темата – предмет на истражувачкиот труд;
• Методолошкиот пристап користен при изработката на истражувачкиот труд;
• Иновативноста на истражувачкиот труд и
• Применливоста на резултатите од истражувачкиот труд во практиката во Република Македонија, односно неговиот апликативен дел.

Врз основа на овие критериуми Комисијата едногласно оцени дека трудот кој заслужува да ја добие наградата за најдобар труд од областа на пазарот на хартии од вредност за 2010 година е трудот на авторот м-р Ристо Хаџи Мишев под наслов Граница на ефикасни портфолија на Македонската берза на хартии од вредност.