05.03.2012

 

Стана милионер на 20 години со картичката од Стопанска банка

 

На 15.02.2012 година беа извлечени добитниците на наградната игра на Стопанска банка АД- Скопје - „Со картичка до милион“. Главната награда од 1 милион денари ја доби дваесетгодишниот Кирил од Скопје.
 

„Пресреќен сум и изненаден што токму јас сум добитникот на главната награда од наградната игра на Стопанска банка. Во декември излегов со намера да ги купам патиките што одамна ми се допаѓаа и при плаќањето, за прв пат ја искористив мојата Виса дебитна картичка. Во тој момент, не ни помислив дека оваа моја прва трансакција во трговска мрежа може да ми обезбеди учество во наградната игра и толку голема добивка. Наградата доаѓа во право време за моето семејство затоа што токму во овој период со мајка ми се подготвувавме да аплицираме за станбен кредит од Стопанска банка, па сега ќе настојувам парите да ги искористам дел за новиот дом, но дел секако и за некое интересно патување” – изјави Кирил, среќниот нов милионер.
 

Покрај главната награда, беа извлечени уште 42 награди меѓу кои двајца добитници на награди од 100 000 денари, пет добитници на 50 000 денари, 15 добитници на 10 000 денари и 20 добитници на парични награди во вредност од 5000 денари.

Наградната игра започна на 15.11.2011 и траеше до 15.02.2012, а учествуваа сите оние кои во текот на траењето на наградната игра направија трансакција поголема од 300 денари, користејќи ги  кредитните и дебитните картички на Стопанска банка.

Стопанска банка им честита на среќните добитници и се заблагодарува на клиентите за укажаната доверба со ветување дека и понатаму ќе прави напори да ја награди нивната лојалност. 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна