10.07.2012

 

Соопштение за воведување на вонредно работно време

 

Стопанска банка АД – Скопје информира дека поради вонредно високите температури а со цел да им овозможи на клиентите непречно да ги користат банкарските услуги одлучи да го прилагоди работното време на своите филијали во склад со потребите и барањата на клиентите.

Новото работно време на филијалите кое вонредно ќе биде во примена од четврток 12.07.2012 до сабота 21.07.2012 ќе биде двосменско, односно од 8 до 13:30 и попладневно од 17 до 19 часот, додека поголемите филијали во Скопје ќе работат од 08 до 19 часот.

Детали за точното работно време на секоја филијала на Банката ќе биде достапно на веб страницата на Банката и назначено на секоја филијала.

Дополнително, Стопанска банка сака да ги потсети клиентите дека во вакви специфични временски услови најдобар начин за користење на банкарските услуги се i-bank алтернативните канали достапни преку телефон, интернет и банкомат 24 часа на ден. i-bank услугите се безбеден, лесен и брз начин да се платат сметки, рати за кредити, секаков вид денарски плаќања и секако да се провери состојба на сметки.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 

Филијалите низ Македонија Берово, Виница, Гевгелија, Делчево, Кочани, Пробиштип, Радовиш, Св. Николе, Струмица, Штип, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга, Тетово, Битола, Велес, Кавадарци, Крушево, Неготино, Прилеп, Ресен од понеделник до петок ќе работат од 8 до 13:30 наутро и од 17 до 19 часот попладне. Во сабота работното време ќе биде од 8 до 13:30. Филијалите Крива Паланка, Пехчево, Богданци, Македонска Каменица, Валандово, Ново село и Демир Хисар ќе работат од 8 до 13:30 часот.

Поголемите филијали во Скопје Автокоманда, Буњаковец, Јане Сандански, Кисела вода, Младина и Порта Влае ќе работат со продолжено работно време од 8 до 19 часот а во сабота од 8 до 13:30 часот. Помалите филијали во Скопје Алуминка, Битпазар, Капиштец, Карпош 4, Клиники, Мајка Тереза, Макпетрол, Ново Лисиче, Топанско поле, Аеродром, Маџари, Визбегово, Црниче, Чаир, Ѓорче Петров, Бутел и Ченто ќе работат во периодот од 8 до 13:30 часот. Филијалите Веро2, Драчево, ГТЦ и Илинден ќе работат од 8 до 16 часот и филијалата Веро Центар од понеделник до петок ќе работи од 9:30 до 16:30 часот а во сабота од 10 до 14:30 часот.