18.07.2012

 

Летни активности 2012 година

 

Од 21.07 до 19.08.2012 година секој викенд Стопанска банка АД – Скопје спроведува нови летни активности кои ќе им понудат освежување, семејна забава и прибежиште од високите температури на клиентите и пријателите на Банката:

Подарок билети за жичарницата во Скопје (за деца и возрасни)

Подарок билети за базенот Карпош

Ваучери за освежување на градската плажа – кафе „Змија“

Ваучери за освежување на плажите во Охрид – “Потпеш“, “Градиште 3“ и кафе бар „Зона“


Дозволете си забава, уживање во прекрасните планински пејсажи или пак во глетката на спектакуларната природа. Имајте  убав и  опуштен летен ден, вистинско освежување во летните горештини. Посетете ги филијалите на СБ, подигнете бесплатни билети за омилената дестинација по ваш вкус, и заедно со вашите најблиски поминете волшебни и незаборавни летни моменти.  Билетите може да се подигнат во филијалите на СБ: Младина (на кеј), Јане Сандански, Веро 2 и филијалите во Охрид.


Летните и зимските активности се своевидна традиција на Стопанска банка во текот на годината со што Банката им се заблагодарува на своите клинти и на заедницата за соработката и лојалноста со пријатни изненадувања соодветни за целото семејство.


Нека и ова лето ви биде незаборавно заедно со Стопанска банка.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна