23.06.2016

 

TOPSI - БАНКАРСКИ УСЛУГИ ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ

 

Кога во целната група се млади луѓе на возраст од 18 до 28 години кои сакаат отворена, слободна комуникација, кои сакаат совети и препораки од релевантни извори, кои сакаат простор и можност да се изразат, кои се храбри и природно индивидуални и се повеќе од 300.000 на број тогаш навистина е предизвик за една компанија да се обиде не само да им се обрати, туку и да им понуди сет на услуги кои ќе бидат прикладни, но и прифатени.

Во таа насока, Стопанска банка АД – Скопје за своите сегашни и идни млади клиенти заедно со актерите Тино и Атанас ги креираше и промовираше TOPSI банкарските услуги кои имаат за цел да создадат отворен канал за комуникација помеѓу Банката и младите.

TOPSI клиентите ќе добиваат:
•    трансакциска сметка
•    бесконтактна дебитна картичка
•    бесплатни i-bank услуги
•    супер попусти и зделки со специјална ID картичка но и,
•    ќе додадеме и многу други придобивки заедно

 

За TOPSI клиентите го изработивме виртуелниот простор topsi.mk од каде Банката на опуштен и забавен начин директно ќе комуницира нив. Банката на овој начин, примарно ќе им понуди поддршка во разбирањето на банкарските услуги и изборот на најсоодветниот за секој клиент одделно. Сепак, доминантно презентацијата на TOPSI ќе биде преку i-bank store филијалата која најмногу се вклопува со очекувањата на младите од банките во иднината.



Преку достапоноста на Банката на сите канали и уреди (мобилен, телефон, компјутер, банкомат) како и присутноста на социјалните мрежи и канали за комуникација кои младите ги преферираат се надеваме ќе добиеме предност во нашата заложба да станеме партнер на младите и заедно да ги градиме идните банкарски трендови во склад со нивните амбиции и потенцијали.


Затоа, во следниот период, преку актерите Атанас и Тино и заедно со нашата заедница, ќе се обидеме да ја креираме првата кул банка преку бројни креативни предизвици за младите. Сите што ќе се вклучат во кампањата ќе имаат можност да освојат супер TOPSI награди. Што точно ќе се случува и какви изненадувања следуваат, ќе може да дознавате на topsi.mk


Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна