21.03.2011 година

Купувајте на рати на Саемот за мебел 2011

 

Почитувани клиенти,

Не пропуштајте го и оваа година саемот за мебел и саемските попусти. Од 22-27.03.2011 година на Скопски саем купете го мебелот што го посакувате со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје. Трговците партнери на Банката се опремени со ПОС терминали и формулари благодарение на кои ќе можете брзо и лесно да го купите мебелот кој го посакувате.

 

Купувајте на саем и тоа до 36 рати со кредитните картички или до 72 рати со потрошувачкиот кредит. Поднесете барање за кредит или картичка на саем, кај трговците партнери или консултирајте се со нашите претставници кои ќе ви овозможат пресметка за кредитот, ратата и минималната месечна отплата кај картичката.

 

Стопанска банка АД – Скопје ги развива своите производи за да ги задоволи вашите потреби а сега овие производи се поблиску до вас - достапни и во развиената трговска мрежа.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна