23.12.2011

 

Стопанска банка АД - Скопје го потпиша договорот за проектот на Владата на РМ „Купи куќа, купи стан“

 

На денешната прес конференција офицјално беа потпишани договорите за проектот „Купи куќа - купи стан“ помеѓу Министерството за финансии и 8 комерцијални банки меѓу кои и Стопанска банка АД - Скопје. Со овој договор од 2012 година субвенционираните станбени кредити стануваат достапни за сите граѓани на Р. Македонија кои ги исполнуваат условите наведени во проектот.

На прес конференцијата Стопанска банка АД - Скопје, претставена од Претседателот на УО г. Глигор Бишев, се обврза да остане и понатаму финансиски партнер на семејствата и компаниите во Македонија. Станбените кредити се еден од најстарите кредити кои Банката ги нуди и благодарение на експертизата и традицијата кај овој производ Банката стои зад секој втор станбен кредит во земјата. Секако, покрај субвенционираните станбени кредити Банката ќе понуди и комплементарни услуги и производи со кои клиентите полесно ќе управуваат со своите финансии, сметки и производи.


Клиентите ќе можат за субвенционираните кредити да поднесат барање од 25ти јануари 2012 година.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна