21.03.2014

VISA КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ СО 6.9% ГОДИШНА КАМАТНА СТАПКА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

За сите барања поднесени од 18.03.2014 до 31.05.2014


Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најголемо картично портфолио на пазарот и најголем издавач на VISA картички во државата, повторно изработи неодолива понуда за нови VISA кредитни картички. 


Имено, сите нови издадени VISA кредитни картички (Visa Star, Visa Vero, Visa Gold) во промотивниот период од 18.03.2014 до 31.05.2014 ќе добијат годишна каматна стапка од само 6,9 % за сите купувања до крајот на 2014 година. Visa кредитните картички Банката ги издава со кредитен лимит во висина до 5 месечни плати а сите картички се издаваат со можност за купување на рати без камата кај повеќе од 1.000 продажни места во државата и грејс период од 45 дена (50 дена кај Visa Gold).


Сега е вистинска прилика да се поднесе барање за нова Visa кредитна картичка од Стопанска банка и да се искорист промотивната каматна стапка од само 6,9% за сезонските пролетни купувања, обнова на домаќинството или патување. 


По истекот на промотивниот период ќе се применува редовна променлива каматна стапка која во моментов изнесува од 10.13% до 11,25% годишно зависно од категоријата на клиентот. Се разбира, најдобри каматни стапки и услови за користење имаат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка.


Со оваа најнова промоција, Банката, на задоволство на своите клиенти, на пазарот е активна со комплетното кредитно портфолио за население – кредитни картички, потрошувачки и станбени кредити 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна