18.09.2015

 

КЕШ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА

 

Корисниците на кредитните картички на Стопанска банка секогаш добиваат повеќе. Ви претставуваме уште една дополнителна услуга на на нашите Visa/MasterCard кредитните картички:

Промотивно до 31.12.2015, само во ФИЛИЈАЛИТЕ на СБ, подигнување на готовина на РАТИ ВЕЗ КАМАТА со VISA и MasterCard картичките издадени од Банката!

За оние нешта што може да се купат/платат "само во готовина", не го одложувајте купувањето туку одложете ја отплатата до 10 рати.

Сега имате причина повеќе да посетите некоја од 65-те филијали на Стопанска банка каде единствено може да ја добиете оваа услуга а истовремено може да се информирате и за останатите атрактивни понуди на банката (бесплатен i-bank пристап и сл.)

Минимален износ за подигнување готовина до 10 РАТИ БЕЗ КАМАТА е 6.000 денари, додека дневниот максимален износ изнесува 30.000 денари. За услугата СБ наплатува еднократна провизија во висина од 5% од подигнатиот износ.

Предности на понудата:

  • Брз и евтин (без камата) начин за доаѓање на готовина до 10 РАТИ БЕЗ КАМАТА
  • Користење на кредитната картичка како инструмент за краткорочно кредитирање на мали износи.
  • Поголема контрола врз трошоците поврзани со користењето на позајмени средства (можност однапред да си го испланираат трошокот за задолжување).