23.11.2012

 

Караван презентации за мобилната апликација на Стопанска банка АД – Скопје

 

Со цел да ја промовира најновата иновативна мобилна апликација, достапна за сите генерации на клиенти, Стопанска банка започна со караван презентации во дел од филијалите и градовите каде што е присутна. Караванот започна денес со презентација во градот Куманово.

Во текот на следната недела, караванот ќе продолжи во градовите Кочани и Велес.

Мобилната апликација на Стопанска банка е бесплатна и достапна за сите корисници на „паметни телефони“ на Android или i-phone платформа и нуди можност во секое време проверка на локации и работно време на филијали, банкомати, трговци кај кои може да се плаќа на рати без камата, курсна листа, кредитни и депозитни производи, каматни стапки и калкулатори.

Покрај детална презентација на мобилната апликација, клиентите на СБ имаа можност да се запознаат со менаџментот на Банката и да ги пренесат своите мислења, потреби и барања до нив. На овој начин Банката успева подобро да ги запознае своите клиенти во регионите во Македонија и останува комплетно посветена на своето мото „на ваша страна“.

 

Петок, 23.11.2012 Куманово

     

 

Вторник, 27.11.2012 Кочани

      

 

Четврток, 29.11.2012 Велес

      

 

Вторник, 11.12.2012 Гостивар

 

   

 

Четврток, 20.12.2012 нас. Илинден, Скопје