16.03.2011

 Јубилеј – 15 години од издавањето на првата платежна картичка во РМ и 10 години од издавањето на првата кредитна картичка

 

Стопанска банка годинава одбележува значаен јубилеј - 15 години од издавањето на првата платежна картичка во РМ и 10 години од издавањето на првата кредитна картичка на македонскиот пазар.

 

По 15 години од издавањето на првата платежна картичка, Стопанска банка е потврден лидер во картичното работење во нашата земја. Секоја трета кредитна картичка во нашата држава го носи знакот на Стопанска банка, претставувајќи го најголемото семејство на задоволни корисници.

 

Секако, Стопанска банка продолжува да подготвува новитети кои дополнително ќе ги направат картичките неопходен додаток на секој паричник.


Стопанска банка АД – Скопје ви нуди да изберете картичка од најреномираните брендови VISA и MasterCard од 2010 година и со чип технологија за најголема заштита.

 

Следејќи ги современите текови, но пред се внимавајќи на безбедноста Стопанска банка уште во 2005 година издаде VISA Интернет картичка наменета исклучиво за едноставни и безбедни купувања преку Интернет.

 

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна