10.05.2012

 

Стопанска банка учесник на Саемот за кариера на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово

 

Стопанска банка АД – Скопје, како интегрален дел од македонското стопанство повеќе од 67 години е горда што зеде учество на Саемот за кариера на Универзитетот Југоисточна Европа и повторно беше заедно со идните генерации кои во годините што доаѓаат ќе ја носат одговорноста за економскиот раст, промоцијата на државата и интеграцијата во глобалните движења. 

 
“Најголемата банка во Македонија ја разбира потребата дека по академската надградба на секој млад и амбициозен човек му е потребно е практично искуство, реално спознавање на бизнис практиките и правилата кои владеат во денешниот свет и од тој аспект, како и секоја година Стопанска банка АД – Скопје е подготвена да понуди реализирање на студентска пракса во една од нашите филијали или во централата и да биде ментор во зачетокот на професионалната кариера.“  - Изјави г. Фатмир Идризи, Директор за големи клиенти, Стопанска банка АД - Скопје кој имаше чест да го отвори саемот во име на бизнис заедницата на Македонија.
 

Стопанска банка АД – Скопје од своето основање во далечната 1944 година па досега останува лидер на македонскиот пазар – лидер во воведување на напредни и софистицирани банкарски производи и услуги, лидер во корпоративно општествено однесување и лидер според финансиските резултати. Со актива поголема од 1.1 милјарда евра, со над 40% учество на пазарот на производи за население и соработка со секоја втора компанија во Македонија, Стопанска банка АД – Скопје олицетворена во со своите вработени продолжува да освојува нови генерации клиенти, нови генерации на вработени и нови успеси. 

Сите заинтересирани студенти за реализација на студентска пракса можат да испратат CV на human.resources@stb.com.mk со назнака „за студентска пракса“.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна