ЈАВЕН ПОВИК

за учество на 29-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка АД – Скопје
 

 

Врз основа на член 27 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. Бр. 221/20.12.2011 година, пречистен текст), Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, на седницата одржана на 27.04.2012 година, донесе Одлука за свикување на 29-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка АД – Скопје (Н.О. бр. 2138 / 27.04.2012 година).

Седницата на Собранието ќе се одржи на 25.05.2012 година (петок), со почеток во 12:00 часот во седиштето на Стопанска банка АД – Скопје, Централа, на ул: “11 Октомври” бр. 7, 1000 Скопје (влез во Градскиот Трговски Центар).


За работа на 29-тата седница на Собранието на акционерите, Надзорниот одбор  на СБ го предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д:

1. Избор на Претседавач, нотар и бројач на гласови;

2. Разгледување на Записникот од 28-та седница на Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје;

3. Донесување на Одлука за измена на Статутот на Стопанска Банка АД – Скопје;

4. Утврдување на пречистен текст на Статутот на Стопанска Банка АД – Скопје;

5. Донесување на Одлука за избор на членови на Одборот за ревизија на Стопанска банка АД – Скопје;

6. Донесување на Одлука за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2011 година одобрени од Надзорниот одбор; 

7. Разгледување и усвојување на Ревидираните финансиски извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2011 година со писмено мислење по истите, изготвено од Надзорниот одбор;

8. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Стопанска банка АД – Скопје во 2011 година со писмено мислење по истиот, изготвено од Надзорниот одбор;

9. Донесување на Одлука за распоредување на добивката согласно Годишната сметка и Финансисикте извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2011 година, предложена од Надзорниот одбор;

10. Донесување на Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции на Стопанска банка АД – Скопје  за 2011 година;

11. Донесување на Деловна политика и Развојниот план на Стопанска банка АД – Скопје 2012 – 2014 година; 

12. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје за 2011 година;

13. Разгледување на Годишниот извештај на Одборот за ревизија на Стопанска банка АД – Скопје за 2011 година;

14. Разгледување на Годишниот извештај за работењето на Секторот за внатрешна ревизија за 2011 година, со писмено мислење по истиот, изготвено од Надзорниот одбор;

15. Донесување на Одлука за усвојување на Листа на нето должници на Стопанска банка АД – Скопје, одобрена од Надзорниот одбор;

16. Годишно ревидирање на Кодексот за корпоративно управување на Стопанска банка АД – Скопје.

 

Се повикуваат акционерите на Стопанска банка АД – Скопје да го пријават своето учество на седницата на Собранието со доставување на: писмено овластување издадено од надлежен орган на акционерот (за акционери правни лица) или лично потпишана пријава (за акционери физички лица), најмалку 3 (три) дена пред одржувањето на седницата, а најдоцна во рокот предвиден со Законот за трговски друштва, на адреса: ул: “11 Октомври” бр. 7, 1000 Скопје,  со назнака: за Кабинет на Претседател на Управен одбор, или по електронски пат на е-маил: sobranie@stb.com.mk со доставување на овластувањето или изјавата во скенирана форма. 

 

Акционерите можат да овластат полномошник, на начин и под услови утврдени со закон на седницата на Собранието со давање на писмено полномошно, за што се должни веднаш да ја известат СБ со писмено известување доставено на адреса: ул: “11 Октомври” бр. 7, 1000 Скопје,  со назнака: за Кабинет на Претседател на Управен одбор или по електронски пат на е-маил: sobranie@stb.com.mk со доставување на полномошното во скенирана форма.

 

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 10.05.2012, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка. Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на адреса: ул: “11 Октомври” бр. 7, 1000 Скопје,  со назнака: за Кабинет на Претседател на Управен одбор или по електронски пат во скенирана форма на е-маил: sobranie@stb.com.mk

 

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице. Заедно со барањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа: 

1. За акционер физичко лице се приложува: - Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена - Копија од лична карта или пасош 
2. За акционер правно лице се приложува: - Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена - Последна тековна состојба од Централнниот регистар во оригинал не постара од седум дена - Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник 

 

Акционерите имаат право да поставуваат прашања по точките од дневниот ред. Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на друштвото да одговори на поставените прашања може да се ограничи само поради одржувањето на ред во заседавањето и работата на собранието, или преземање активности за зачувувањето на доверливоста во работењето и деловните интереси на друштвото. Одговорите на поставените прашања на седница на собранието на друштвото ќе бидат објавени  на интернет страната на банката: www.stb.com.mk во форма на прашање и одговор.

 

Прашањата се доставуваат во писмена форма во оригинал на адреса ул: “11 Октомври” бр. 7, 1000 Скопје,  со назнака: за Кабинет на Претседател на Управен одбор или по електронски пат во скенирана форма на е-маил: sobranie@stb.com.mk, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице. Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа: 

1. За акционер физичко лице се приложува: - Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена - Копија од лична карта или пасош 
2. За акционер правно лице се приложува: - Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена - Последна тековна состојба од Централнниот регистар во оригинал не постара од седум дена - Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник. Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва. 

 

Материјалите по предлог - дневниот ред и останати информации согласно закон, ќе бидат достапни на увид на акционерите во Централата на Стопанска банка АД – Скопје (3 кат, канцеларија бр. 306) секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот и на интернет страната на банката: www.stb.com.mk, од денот на објавувањето на овој Јавен повик.