02.10.2017

 

Известување за утврдување на каматни стапки за орочени депозити за физички лица

 

1. Сметано од 01.10.2017 година Стопанска банка АД Скопје (во понатамошниот текст: СБ) изврши промена на типот на каматна стапка за орочените депозити со месечна исплата на камата во денари и девизи (вклучително и девизни депозити со денарска камата), со следните периоди на орочување: 1 месец, 2 месеци, 3 месеци, 6 месеци и 12 месеци. Во таа смисла, за сите нови депозити од горенаведените видови СБ ќе  пресметува и плаќа камата по фиксна каматна стапка согласно условите определени од страна на СБ кои се важечки на денот на орочувањето и се соодветно објавени во филијалите и/или на официјална веб страна на Банката. Наведеното за пресметување и плаќање на камата по фиксна каматна стапка ќе се однесува и за постојните орочени депозити од горенаведените видови во случај на нивно преорочување почнувајќи од 01.10.2017 година, доколку пред посочениот датум биле орочени со променливи камати. При секое наредно преорочување на депозитите, ќе се применуваат условите определени од страна на СБ кои се важечки на самиот ден на преорочувањето и  се соодветно објавени во филијалите и/или на официјална веб страна на Банката.

Воедно, сметано од 01.10.2017, СБ повеќе нема да склучува договори за орочени депозити во следните девизни валути  DKK, SEK, NOK и JPY.

 

2. Сметано од 01.10.2017 година, во врска со останатите видови на орочени депозити за физички лица кои се детално објавени во Прегледот на депозитни производи на следниот линк, каматата ќе се пресметува согласно законските прописи и интерните акти на СБ, а типот на каматна стапка се утврдува во зависност од видот на орочениот депозит и тоа како:

                А) Фиксна каматна стапка, која е непроменлива за целиот период на орочување на депозитот. Во случај на преорочување на депозитот со фиксна каматна стапка,  истото се врши согласно условите определени од страна на СБ кои се важечки на денот на преорочување и соодветно објавени во филијалите и/или на официјална веб страна на Банката,  или 

                Б) Променлива каматна стапка, што СБ ја определува врз основа на референтна каматна стапка која соодветно се корегира со соодветен корективен фактор за рочноста на депозитот. За пресметка на променлива каматна стапка релевантни се следните околности:

- Референтната каматна стапка се определува во зависност од валутата на депозитот и тоа: за денарски депозити референтна каматна стапка е национална референтна стапка (каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула) која ја објавува НБРМ; за EUR депозитите е 1 месечен EURIBOR; за депозитите USD, GBP, CHF, JPY Е 1 месечен LIBOR за соодветната валута; за CAD депозитите е 1 месечен CDOR; за AUD депозитите е 1 месечна стапка за AUD, а за депозитите во останатите валути SEK, NOK и DKK, соодветната 1 месечна стапка т.е. STIBOR, NIBOR, CIBOR, ретроспективно;

- Корективниот фактор за рочноста се пресметува како процент изразен во одреден опсег од референтната стапкa. Доколку референтната стапка е негативна,  истата се смета дека е 0,00 пп, при што корективниот фактор за рочноста се пресметува како додадена маргина изразена во процентни поени во одреден опсег над референтната стапка;

- СБ врши промена на променливите каматни стапки при промена на референтната стапка за п.п.(процентен поен), двапати во годината на 1ви Јануари и на 1ви Јули, но го задржува правото за промена на стапките најмногу квартално при што можни се промени и на 1ви Април и на 1ви Октомври врз основа на референтната стапка валидна на 25ти т.е. првиот работен ден по 25ти во месецот кој претходи на датумот на примена на промената.

- Сите потребни информации и параметри за пресметка на променливи каматни стапки за сите производи во сите валути се содржани во Моделот за утврдување на променливи каматни стапки кој редовно се објавува на огласните табли во филијалите и на официјалната веб страна на Банката на следниот линк и редовно се ажурира и обновува од страна на СБ, а клиентот има обврска да врши увид во истите.