28.12.2015

 

Известување за предвремена отплата на субординиран заем

 

Стопанска банка АД - Скопје предвремено ги отплати субординираните заеми во вкупен износ од 45 милиони евра, кои се користеа по основ на два договори склучени со Националната Банка на Грција, од 2006 и 2008 година, со рок на отплата од 10 години. Користењето на овие средства во изминатите години значително придонесе за остварување на зацртаните цели со Деловната и развојна политика на Банката, што доведе до јакнење на нејзината капитална сила, зголемување на профитабилниот потенцијал како и јакнење на конкурентата позиција на пазарот.

Остварените резултати и акумулираната добивка во текот на изминатите години овозможија услови за предвремено враќање на двата заеми, за што Стопанска банка АД - Скопје доби и претходна согласност од страна на Народната Банка на РМ. Истовремено, со предвремената отплата на субординираните заеми, Собранието на акционери на Банката, во кое доминантен акционер е Националната Банка на Грција, донесе Одлука за задржување на дел од акумулираната добивка од изминатите години, во траен капитал, во износ од ЕУР 35 милиони, со што, на трајна основа се зголеми капиталот на Банката и нејзиниот кредитен потенцијал.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна