16.01.2018

 

Известување за m-banking на Windows mobile

 

 

Почитувани клиенти,

 

Ве информираме дека Стопанска банка во иднина нема повеќе да ја развива својата m-banking апликација на Windows mobile. Согласно трендовите и згаснувањето на Windows како мобилна платформа, ќе се насочиме кон подобрување и дополнителен развој на нашата апликација на најпопуларните оперативни системи Android и iOS.

За оние кои ја користитат m-banking апликацијата на Windows телефоните Ве информираме дека апликацијата и понатаму нормално ќе продолжи да работи со досегашните функционалности, но нема да има понатамошен развој, update и воведување на иновации.

Стопанска банка и понатаму ќе остане Банка која го следи трендот и иновациите во дигиталната индустрија и постојано ќе работи на подобрувањето на својата m-banking апликација согласно побарувањата на пазарот.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна