31.05.2011

 

Известување до имателите на приоритетни акции на Стопанска банка АД - Скопје

Врз основа на член 26 од Статутот на Стопанска банка АД - Скопје (С.О.бр.200/27.05.2011 година, пречистен текст), Собранието на  акционери на Стопанска банка АД – Скопје, на 26-та седница одржана на 27.05.2011 година, а врз основа на Одлуката за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2010 година  (С.О. бр. 202/27.05.2011 година) и Одлуката за распоредување на добивката согласно Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2010 година  (С.О. бр. 205/27.05.2011 година), донесе Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции на Стопанска банка АД – Скопје  за 2010 година (С.О. бр. 206/27.05.2011 година).

Стопанска банка АД - Скопје (СБ) ќе изврши исплата на дивиденда по приоритетни акции за 2010 година во бруто износ од МКД 36,00 по акција.

Се известуваат сите иматели на приоритетни акции дека Стопанска банка АД – Скопје ќе врши исплата на дивиденда за приоритетните акции за 2010 година врз основа на следниот дивиденден календар:

  • Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга, е 20.06.2011  година.

 

  • Последен ден на тргување со право на дивиденда е 15.06.2011  година.

 

  • Прв ден на тргување без право на дивиденда е 16.06.2011  година.

 

  • Датум на исплата е 24.06.2011 година.


Дивидендата ќе се исплати во вид на еднократно плаќање на датумот на исплатата во филијалите и експозитурите на Стопанска банка АД – Скопје.
Се повикуваат имателите на приоритетни акции со право на дивиденда при подигање на дивидендата од шалтерите на Стопанска банка АД – Скопје со себе да носат валиден документ за лична идентификација.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна