28.10.2010I-bank нови услуги од Стопанска банка


Почитувани,


Ни претставува особено задоволство да ви ги презентираме новитетите кои Банката за првпат ги воведува не само во своето работење туку и на македонскиот пазар. Новитетите се одраз на трајната определба на Стопанска банка да биде модерна банка и лидер на пазарот.


Отсега основните банкарски трансакции се достапни преку поголем број канали – банкомати, преку интернет или преку телефон.


Имено, Стопанска банка е горда што ги унапреди своите банкомати во мини филијали. Веќе од први ноември корисниците на дебитни и кредитни картички на банкоматите ќе можат едноставно без провизии и дополнителни трошоци да:


 • Сметки за телефон, интернет, телевизија, струја, вода, греење

 • префрлаат средства од една на друга сметка во Банката    • плаќаат рати за кредити и картички и

• добијат мини месечен извештај за кредитната картичка
Со тоа банкомат филијалите ќе можат да се користат 24 часа од страна на клиентите на Банката.


Секако, направивме и нови подобрувања на постојните сервиси за кои постојано инвестираме знаење, труд и средства. Имено, компаниите од неодамна покрај редовните трансакции имаат можност преку e-banking сервисот да ги исплаќаат платите со помош на образецот ПП53 на брз, едноставен и безбеден начин.


Дополнително, услугата надополнување на ваучер за мобилен е дополнета и сега функционира и за T-mobile и за VIP мобилните оператори.


Сите алтернативни канали за интеракција со Банката, Стопанска банка ги промовира под едно бренд име I-bank кое е одраз на персонализираниот однос кој клиентот ќе го има со Банката – сопствен избор на време, начин и локација значи многу поголема слобода и време за себе што е од огромна вредност за клиентите. Токму оттаму потекнува називот I-bank и логото кое се применува низ целата групација на NBG.


Исто така, објавуваме дека во сите филијали на Стопанска банка во функција е нов модел на организација и сервисирање на клиентите. Филијалите се трансформирани во продажни центри, со стандарден квалитет на услуги и советник за услуги на клиенти кој ќе се грижи да ги насочува клиентите во филијалите на соодветните работни позиции.

 
Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна