12.04.2012


Наградна игра „Пролетни награди со i-bank услугите“ 
 

Со пролетта пристигна и нова наградна игра, во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Имено, со лесни плаќања преку e-banking, телефонско банкарство и плаќања преку банкомат клиентите земаат учество во наградна игра за i-bank услугите на СБ и станете добитник на една од 130 вредни награди.
 

Наградната игра е со времетраење во периодот од 10.04.2012 до 18.07.2012г. и се однесува на сите корисници на: e-banking сервисот за плаќање, phone banking сервисот за плаќање и плаќањата преку банкомат.  Имено, со секое плаќање преку една од i-bank услугите клиентот добива право на едно учество во едно од десетте извлекувања. Извлекувања ќе се реализираат секои десет дена во горенаведениот период. 

Како и досега, со иновативните i-bank услуги на Стопанска банка, клиентите можат да изберат кога, каде и како да плаќаат сметки за режиски трошоци, рати за кредити и картички и на тој едноставен начин, со остварување на  условот повеќе пати, можат да добијат право на повеќе учества во извлекувањата за бројните награди:

  • 1 х 10  таблет компјутери за корисниците на e-banking 
  • 1 х 10 фото апарати за корисниците на телефонското банкарство
  • 1 х 10 викенди за двајца во СПА Центар Аурора – Берово за корисниците на АТМ плаќања
  • 10 х 10 USB стикови за клиентите од сите i-bank канали


Среќните добитници ќе бидат објавувани најдоцна 3 дена по секое извлекување на веб страницата на Банката и во дневниот весник „Дневник“.
Правилата за наградната игра се достапни во филијалите на Банката и на веб страницата.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна