09.04.2015

 

 

I-bank филијата на Стопанска банка е дел од Интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge 

 

 

Стопанска банка Скопје оваа година е поддржувач на интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge, чиј официјален домаќин и координатор во Македонија е NewMan’sBusinessAccelerator. Токму I-bank филијата на Стопанска банка ќе биде една од локациите каде ќе се одвиваат дел од активности. Имено денес со почеток во 15 часот ќе се одржи настан назначен како DATA BOOT CAMP на кој главни говорници ќе бидат Владимир Трајковиќ, Партнер во NewMan’s Business Accelerator и Директорката на iBank Store на Стопанска Банка Милена Шамакоска. Исто така пред присутните свои предавања ќе одржат и Филип Маневски од Министерство за информатичко општество и администрација и Агенција за електронски комуникации и Милош Јовановиќ, истражувач и асистент на ФИНКИ.

 

Стопанска банка Скопје е лидер и иноватор во банкарскиот сектор, а
 доказ за оваа определба е отворањето на i-bank store филијата на Стопанска банка како претставник на новото време и банка од иднината. Стопанска банка минатата година одбележа 70 години од своето работење и со поддршката на овој настан, повтрдува дека се стреми кон иднината и го почитува трендот на младите генерации кои во иднина ќе придонесуваат за ова општество како нејзини клиенти.

 

Интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge е дводневен хакатон на кој тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.

 

 Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна