30.10.2011г.

 

Хуманитарна акција на Стопанска банка АД - Скопје и Црвен крст на РМ по повод Денот на штедење то

 

Почитувани,

На 30.10.2011г (недела) по повод Светскиот ден на штедење, Стопанска банка АД – Скопје како компанија со вградена корпоративна општествена одговорност, заедно со сите свои вработени и Црвен крст на РМ организираше хуманитарна акција во вид на донација и со тоа денот на штедење 31.10.2011г. го посветува на лицата кои имаат потреба од повеќе грижа и поддршка во животот.

Хуманитарната акција ги опфати сите општини во Македонија во кои Стопанска банка АД – Скопје работи со своја филијала или експозитура. Вработените на Банката со своите семејства донираа облека, обувки, постелнини, книги, покуќнина за да им помогнат на семејствата во Македонија кои живеат во тешки услови.
Од Црвениот крст на Македонија, нашиот партнер во реализацијата на овој проект, беа присутни по неколку волонтери на секоја локација и од понеделник 31.10 ќе почнат со дистрибуција на хуманитарната помош до семејствата.

Секако, на самата хуманитарна акција присутни беа и високи претставници од менаџментот на Банката, како и делегација од Црвениот крст на Македонија предводена од Генералниот Секретар.

Стопанска банка ќе продолжи да се залага да ги поттикнува своите вработени, преку тоа и нивните семејства да создаваат дух на солидарност и пријателство и со тоа значајно да го подобрат животот на заедницата.

Стопанска банка АД – Скопје,
На ваша страна

 

Скопје, 30.10.2011г.

        

 

Струга, 30.10.2011г.

 

Штип, 30.10.2011г.

 

Берово, 30.10.2011г.