17.12.2010
Голема журка во Битола


Како дел од свеченото отворање на новата филијала и бизнис центар на Стопанска банка АД – Скопје, на 16.12. со почеток од 17:00 часот, на Широк Сокак пред просториите на новата филијала на Стопанска банка, граѓаните на Битола имаа можност да уживаат во незаборавна повеќечасовна забава со Фолтин, Ренесансери и Ламбе Алабаковски. Дополнително за доброто расположение се погрижија нашата Пчелка, Beat Box и пантомимичарите, како и Parcour ансамблот, куклениот театар и акробатите. Топлиот чај, шеќерната волна, подароците и бројните изненадувања за децата дополнително ја загрева и разубавуваа белата зимска атмосфера.


Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна