04.03.2016

Годишна анкета на Стопанска банка

 

Почитувани клиенти,

Стопанска банка по трет пат успешно ја спроведе e-mail анкетата за задоволство помеѓу своите клиенти. Со анкетата Банката се обидува на најтранспарентен и најдиректен начин да ги инкорпорира ставовите и преференциите на клиентите во своето работење – преку филијалите, контакт центарот, производите и услугите кои ги нуди.

Од резултатите од анкетата ќе издвоиме дека повеќе од 50% од клиентите забележуваат позитивната промена во услугата на вработените од филијалите на Стопанска банка. Очекувано, инвестицииите во иновативните алтернативни канали придонесе кон пораст во преференциите кај клиентите и користењето на истите. Очекувањата од клиентите се дека и во иднина Банката треба да продолжи да ги подобрува производите и услугите, да ги поедноставува процедурите и да биде достапна преку повеќе канали за комуникација и соработка.

Како што беше објавено со анкетата, лицата кои комплетно одговорија на сите прашања учествуваа во извлекување на 3 вредни награди со кои Банката им се заблагодарува за оддвоеното време за пополнување на анкетата. Добитниците ги објавуваме со нивниот ИД број во Банката заради заштита на лични податоци а истите веќе се контактирани на mail од колегите во Контакт центарот.

•    Среќниот добитник на наградата број 1 i-phone 6s е со ИД број: 267691
•    Среќниот добитник на наградата број 2 i-pad mini 4 е со ИД број: 16580 и
•    Среќниот добитник на наградата број 3 fixie велосипед е со ИД број: 941131.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна