17.01.2015

 

 

 

Едукација на младите од основните училишта, по повод Global Money Week во i-bank store.

 

 

 

По повод  глобалната недела на парите или “Global Money Week” која се одвива во периодот од 9-17 март 2015 година,  Стопанска банка АД – Скопје организираше посети во својата филијала i-bank store за ученици од неколку основни училишта од Скопје со цел едукација на младите за парите и нивната употреба.

При овие организирани посети, ученици од 4то и 5то одделение имаа можност да ја посетат концепт филијалата во која преку презентација и интеракција се запознаваа со современите начини на плаќања, со банкарската терминологија, основите на банкарското работење и средствата за плаќање генерално.

 

Стопанска банка

На ваша страна