11.11.2015

 

Свечено отворање на реновираната филијала во Дебар

 

Стопанска банка АД - Скопје продолжува да инвестира во подобрување на условите за работа во најголемата мрежа на филијали во Македонија. На задоволство на локалното население и компаниите со кои соработува Стопанска банка АД - Скопје една од постарите филијали на Банката беше реновирана и претворена во модерен банкарски простор каде клиентите ќе може да продолжат да ги користат производите и услугите на Банката. Вработените и директорот на филијалата придружени од Претседателот и членовите на Управниот одбор ги поканија локалните клиенти на средба и дружење каде уште еднаш ја искористија приликата да изразат благодарност за довербата и надеж за продлабочена соработка.

За учениците од Дебар посебен настан беше дружењето со Калиопи која за секое дете издвои момент за разговор, им подарди CD со автограм и секако направи многу насмеани фотографии со децата. 

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна