07.11.2017

 

ЕСЕНСКИ ПРОМОЦИИ НА КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ

 

И оваа есен, Стопанска банка АД - Скопје креираше понуда за повеќето кредитни производи со што клиентите имаат можност да го изберат најдоброто решение за својот семеен буџет.

Доколку е потребна нова кредитна картичка, тука е VISA Vero кредитната картичка која за сите кои ќе поднесат барање до 05.12.2017 и до 15.12.2017 ќе направат минимум 5 трансакции подарува новогодишен ваучер од 500денари. Секако, картичката продолжува да наградува и во останатиот период преку месечниот попуст за бесплатно купување во Веро или Џамбо а кој се генерира како износ од 3,5% од сите трансакции направени во ВЕРО и во Џамбо како и 0.5% од сите останати трансакции во месецот.

 

За оние кои планираат посериозни проекти, тука е хипотекарниот потрошувачки кредит кој е со 5% гарантирана каматна стапка за првите 3 години за сите клиенти кои ќе поднесат барање до 31.01.2018 година. Дополнително, кредитот се одобрува без административни и трошоци за процена.


Не ги изоставивме и станбените кредити за кои промотивната понуда важи до 15.01.2018година и вклучува 100% попуст на административните, нотарските и трошоците за процена како и каматни стапки гарантирани за првите 5 години и тоа: 3.6% за првите 3 години и 3.9% за следните 2 години.


Не заборавајте, бесплатно можете да се советувате се со нашите референти за кредитирање во филијалите на Банката, со колегите од 24/7 контакт центарот (02)3100 109 или поднесете барање тука и очекувајте го нашиот повик.
Со пример пресметки и анализа на Вашите лични финансии можете подобро да дознаете кој кредитен производ најмногу одговара на Вашите потреби и можности, кој износ може да Ви биде одобрен, на кој рок и кои се потребните документи и чекори за одобрување.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна