21.06.2012

 

Дружење на вработените од Стопанска банка и вработените од Т-home и T-mobile

 

Вработените од Стопанска банка АД - Скопје за вработените на T-home и T-mobile во Скопје организираа дружење после работното време во Experience Cafe на Плоштад Македонија при што имаа прилика да се запознаат подобро помеѓу себе, но и со производите кои ги нудат трите компании на македонскиот пазар. Како лидери во својот домен на работење компаниите и вработените застапуваат многу заеднички корпоративни вредности и оттука поттикот да се организира ваков тип на средба.

 

И покрај топлото време, вработените уживаа во дружењето и приликата да се запознаат а доделена беше и награда од организираната лотарија - викенд за 2 лица во Аурора Спа центар, Берово. 

 

Банката во својата заложба да биде на страна на клиентите ќе продолжи да реализира вакви настани на кои ќе ги промовира производите, услугите но и своите вработени и своите корпоративни вредности.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна