30.05.2012

 

Донирани пакети хуманитарна помош од вработените на Банката

 

По успешната реализација на хуманитарната акција вработените на Банката за време на „Недела на хуманитарноста“ од 23 до 29ти април собраа доволно средства за заедно со Црвениот крст на Македонија да се набават пакети со средства за лична хигиена за жителите на интернатот во с. Љубанци.

 При денешната посета на интернатот на задоволство на децата и родителите пактеите беа дистрибуирани до жителите на интернатот. 

Стопанска банка АД - Скопје им изразува благодарност на своите вработени за изразената несебичност и разбирање за нашите сограѓани кои живеат во тешки услови без сопствен дом. Нашиот тим е секогаш подготвен да помогне во општеството во кое функционира, расте и се развива.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна