28.12.2012

Стопанска банка АД - Скопје прославува 68 години од основањето

 

Стопанска банка АД – Скопје прославува 68 години од основањето и постоењето во финансискиот и стопанскиот живот на нашата земја. Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка АД – Скопје е горда што 68 години е лидер во банкарскиот сектор со најголема база на клиенти од населението и корпоративниот сектор, со најголема актива и капитална сила.

Со цел да го обележи овој значаен јубилеј како и во пресрет на новогодишните празници, Банката подготви донација која претставува една од активностите и проект за континуирана заложба во корпоративната одговорност, со која Банката денес заедно во соработка со Црвениот крст на РМ, донира 100 пакети со основни прехранбени производи на социјално загрозените семејства во пресрет на новогодишните празници.

Корпоративно општествената одговорност што Банката овие 68 години ја практикува е вградена практика и дел од секојдневното функционирање. Со оваа активност, Банката уште еднаш докажува дека не само што делува во локалната заедница со својата основна дејност, туку и активно и корпоративно одговорно е дел од општеството.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна