22.09.2016

 

Донација за семејствата на жртвите од поплавите

Во согласност со своите заложби да биде нераздвоен дел од заедницата, Стопанска банка АД – Скопје е во комуникација со семејствата на починатите во поплавите во август 2016. Имено, согласно интерна одлука, на законските наследници на починатите Банката им одобрува неповратна финансиска помош во износ од 1.500евра по семејство.
Поради тешката достапност до контакт информации за семејствата, Банката се надева дека и со посетите на терен средствата ќе бидат исплатени до сите семејства во најскор можен рок. Контакт информации за процесот може да се добијат на нашиот 24/7 контакт центар 3100 109.
 
Оваа финансиска помош се надеваме дека ќе им помогне на семејствата во надминување на шокот и последиците како од загубата на семејните членови, така и на последиците од поплавите кои сеуште се санираат.
 
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна