18.01.2015

 

Донација на компјутерска опрема за  ЈЗУ ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД “13ти Ноември” – Скопје

 

 

Како општествено одговорна компанија, Стопанска банка АД – Скопје ги користи сите прилики да даде придонес во поширокиот развој на заедницата од која потекнува. Овој пат дониравме компјутерска опрема за домот за стари лица „13ти Ноември“ од Скопје.

 

Компјутерската опрема ја донираме за да им овозможиме на постарите лица користење на компјутерите за комуникација со најблиските, разонода и сл., како и да им служат на стручните лица од домот за полесно да ги извршуваат работните обврски.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна