15.12.2010Донација во клиника за детска хирургија


На 15.12.2010 година, Стопанска банка АД – Скопје како еден од донаторите на новото одделение за интензивна нега на Универзитетската клиника за детска хирургија беше присутна на неговото свечено отворање на кои истовремено присуствуваа Министерот за здравство на Република Македонија Бујар Османи, Амбасадорката на Кралството Холандија Симоне Филипини и Претседателот на Националната фондација за трансплантација Др. Владимир Чадиковски.


Стопанска банка како и многу пати досега ја докажа на дело својата корпоративна и општествена одговорност во решавањето на едно од најважните прашања во македонското општество. 


Со оваа донација, Стопанска банка станува дел од една успешна акција, по која како краен резултат, многу од операциите кај деца кои во моментов се извршуваат во странство на товар на семејствата и фондот за здравство ќе можат да се извршуваат кај нас во Република Македонија.

 

Стопанска банка АД – Скопје 

 

На ваша страна