07.08.2015

 

Соопштение за донација

 

Стопанска банка АД - Скопје изразува сочуство за изгубените животи во поплавите во тетовскиот регион и се надева на поскоро враќање на животот во нормален тек за сите засегнати. Воедно, Банката ги поттикнува и поддржува напорите на јавноста во помагање на семејствата најмногу погодени од поплавите.

Согласно заложбите, Банката денес донираше средства за домашна и лична хигиена и истите ќе им бидат распределени на нашите сограѓани преку Црвениот крст на Македонија каде што и беа доставени пакетите помош.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна