05.09.2016

 

Продолжува акцијата за донации за семејствата погодени од поплавите

 

Стопанска банка АД - Скопје согласно потребите на семејствата најмногу погодени од поплавите кои го зафатија Скопје, во магацинот на Црвен крст на РМ повторно испорача донација овојпат во форма на постелнина, пешкири, ќебиња и храна. Оваа донација, како надоврзување на првичната донација на храна, хигиенски средства и опрема е наменета да им помогне на семејствата што поскоро да го нормализираат живеењето и да ја надминат природната катастрофа која ги зафати.


Со овие донации, Банката им ја нуди поддршката на нашите соседи и сограѓани која им е најмногу потребна а истото го направија и вработените на Банката кои несебично дадоа поддршка преку собирање на финансиска помош, донација во форма на опрема за домот, храна, обувки, облека и хигиенски средства.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна