09.10.2012

 

Донација на игралиште за деца во Кичево

 

Во својата долга историја Стопанска банка АД – Скопје е во постојана соработка со заедницата и својот раст и развој го базира на постојана соработка со заедницата и нејзините жители без разлика дали станува збор за мал локален проект или значаен инфраструктурен објект.Токму од оваа традиција во соработката со заедниците, Банката ја црпи својата општествена одговорност и во текот на годината реализира проекти значајни и на национално но и на локално ниво.

“Денес, го имаме задоволството на најмладите жители на Кичево, нашите идни партнери и клиенти им донираме игралиште кое веруваме ќе даде свој скромен придонес за нивни безгрижни и разиграни детства„ изјави Заменик генералниот директор за оперативно работење, финансии и банкарство на мало г. Диомидис Николетопулос на свеченото отворање на игралиштето.

Донацијата е во договор со Општината и Градоначалникот на град Кичево г. Благоја Деспотоски кои знаеа дека во Стопанска банка АД – Скопје ќе најдат партнер за финансиска соработка, но и за поддршка на општествено корисни проекти како што е детското игралиште.

 
Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна