12.11.2015

 

Донација на вработените од Стопанска банка за Црвен Крст

 

Почитувани,

Општинската организација на Црвен Крст од Скопје, традиционално и оваа година, под мотото "Помислете и на нас" организира активности по повод "Денот на гладта" од 16ти октомври до 16ти ноември 2015 година. По тој повод беше огранизирана собирна акција на средства во i-bank филијалата на Стопанска банка на 11/11/2015 година односно среда каде што вработените на Банката донираа средства. И ние како и Црвениот крст им се заблагодаруваме на вработените кои придонесоа за успешно спроведената акција.

 

Стопанска банка

На ваша страна