14.06.2014

 

Доделување на наградите за Trash Fashion 2014

 

Почитувани клиенти,

 

Денес во просториите на i-bank store на Банката се одржа свечено доделување на наградите на прво и второ наградените училишта од еко настанот Trash Fashion што и оваа година беше поддржан од Стопанска банка. Наградите на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје и СУГС „Никола Карев“ - Скопје им беа доделени од претставници на Банката.

Првонаградениот модел од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје беше изложен во i-bank store во периодот од 10:30 - 12:00 часот.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна