07.04.2017

 

Извлечени добитници од анкетата за СББ клиенти

 

Почитувани клиенти,

 

Годишната анкета помеѓу СББ клиентите е комплетирана и во моментот Банката спроведува анализа на податоците кои имаат за цел подобрување на услугата и понудата која е достапна за овој конкретен сет на клиенти.

Согласно најавата, Банката по случаен избор извлече 5 добитници кои до 31.12.2017 ќе имаат можност да користат пакет на попусти и ослободувања од трошоци што конкретно се состои од:
•    Намалување на провизиите на денарскиот платен промет за хартиени налози извршени преку шалтер со примена на провизиите наменети за e-banking трансакции
•    Ослободување од трошокот за месечно одржување (водење) на сметката
•    50% попуст на трошокот за токен за e-banking
•    Ослободување од годишно членство за Visa Business

 

Добитниците посочени на списокот во продолжение, ќе бидат повикани од колегите на нашиот контакт центар во текот на следната недела.

  • ПРОТЕКТПЛАСТ ДОО НЕГОТИНО
  • БЕСТ НЕТ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • ПЗУ АЛЕКСАНДАР МЕДИКА ПЕХЧЕВО
  • ТЕС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • ЗЛАТКОМ-БОГ УВОЗ-ИЗВОЗ ДООЕЛ

 

Благодарност до сите учесници во анкетата и честитки за среќните добитници.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна