08.03.2017

 

Годишна анкета 

 

Почитувани клиенти,

Стопанска банка повторно успешно спроведе e-mail анкетата за задоволство помеѓу своите клиенти со масовност во одговорите и интерес кај клиентите. Со анкетата Банката се обидува да добие конкретна евалуација за своите услуги, локации, достапност и транспаретно да пристапи кон подобрување на истите.

Од резултатите од анкетата ќе издвоиме дека повторно оваа година расте бројот на клиенти кои забележуваат позитивната промена во услугата која ја добиваат во нашите филијали и истиот изнесува 40%. Согласно глобалните трендови, продолжува и порастот во преференциите кај клиентите за користење на алтернативните канали достапни 24/7 и секако подобрени, поевтини и пофлексибилни.

Како благодарност за своите клиенти кои ја пополнија анкетата, Банката по случаен избор извлече 3 лица на кои ќе им додели подарок и истите ќе бидат контактирани преку e-mail во текот на денешниот ден. За заштита на личните податоци, добитниците се идентификувани со нивниот ID број и со иницијали.

  • Т.С. ID 263584 - i-Pad air 2
  • З.С. ID 2369188 - спортски велосипед
  • J.K. ID 2018301 - викенд за 2 лица во х. Аурора Берово

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна